Вчерашниот ден беше одличен за кралицата на спортовите – атлетиката. Освен светскиот рекорд во маратон, беше постигнат и светски рекорд во десетобој, веројатно најтешката атлетска дисциплина. Новиот светски рекордер е франузинот Kevin Mayer кој собра 9126 поени, 81 поени повеќе од досегашниот рекордер Ashton Eaton кој досегашниот рекорд го постигна на светското првенство во атлетика во 2015-та година во Пекинг. Новиот рекорд во десетобој е постигнато на специјализираното натпреварување Decastar во Talence (Франција) на кое се одржува натпревар во десетобој во машка конкуренција и седмобој во женска конкуренција.

Kevin Mayer

На второто место заврши европскиот првак од пред еден месец, германецот Arthur Abele со собрани само 8310 поени, а на третото место е уште еден германец – Tim Nowak со собрани 8229 поени.

Во дисциплината седмобој, победничка е Carolin Schafer од Германија која во недостаток од златната и сребрената од европското првенство (Thiam и Johnson-Thompson) беше најдобра помеѓу останатите натпреварувачки.