Од Јапонците навикнавме да добиваме секакви бизарни вести, па веројатно не може ништо да не изненади. Во духот со модерното општество и новиот начин на живот, и ние и Јапонците ги загубивме пријателите, дружењата…

Во обид да се направи бизнис и од оваа социјална дегенерација, извесна јапонска компанија Family Romance се специјализира за изнајмување на луѓе за сите прилики, како што се родендени, промоции, крштевки, свадби, па дури и за разводи и погреби.

Сопственикот на компанијата, извесен Јуичи Иши тврди дека бизнисот оди „како луд“. Тој ви гарантира многу лајкови на вашите постови, како и „пријатели“ кои ќе ви дојдат на вашите роденденски забави и други свечености. Со нив можете да си правите селфи фотографии, да се смеете и да глумите дека ви е супер.