Во германскиот Минхен деновиве беше поставена една навистина необична елка. Како што објавија скоро сите светски меидуми, станува збор можеби и за највредната новогодишна елка вос ветот.

Ова новогодишно дрво беше направено од украси кои компанијата Pro Aurum, инаку специјализирана за трговија со благородни метали,  ги има на располагање – златни монети. Тежината на оваа необична елка која е всушност пирамида со златни монети е 63 килограми.

Нормално, ваквата елка не е поставена надвор, туку во една од канцелариите на компанијата. Проценките велат дека комплетната вредност на ова необично новогодишно дрво е 2,3 милиони евра.