Во следните неколку седмици планирано е да бидат објавувани видео материјали од Prince. Минатата седмица на Youtube каналот на Prince беа објавени 3 видео материјали кои претходно не беа достапни на јавноста. Станува збор за музички видеа за песните “Rock And Roll Is Alive! (and It Lives In Minneapolis)”, “Endorphinmachine” и “Dolphin”.

 

Целта на овој проект е да се приближат овие ретки видео материјали од периодот од 1995 до 2010 година на новите дигитални сервиси. Првите три видео спотови се од албумот The Gold Experience од 1995-та година, кој беше номиниран и за Grammy наградата. Видео спотот за песната “Dolphin” е првиот спот кој бил емитуван на музичкиот канал VH1 Europe.

Видео спотот за песната “Endorphinmachine” бил вклучен во видео игра издадена на CD а гледањето било возможно само доколку се заврши играта. Претходно беа издадени и видео материјали од албумот Chaos And Disorder од 1996-та година, а во оваа седмица се очекува да бидат поставени видео материјали од изданието Emancipation.