На почетокот на оваа година веќе се подготвуваме за редица нови сезони на нашите најомилени тв-серии. Некои редовно продолжуваат од година в година, некои направија подолга пауза, пред да се вратат на екраните токму оваа година. Во продолжение, листа на премиерите на новите сезони на некои од најгледаните тв-серии изминатите години:

True Detective – 13 јануари

Сезона 3

Носителот на “Оскар” Махершала Али и Стивен Дорф влегуваат во улогите на детективи од Арканзас, ветерани од војната во Виетнам, кои истражуваат исчезнување на момче и девојка во 1980 година.

 

The Punisher – 18 јануари

Сезона 2

Серијата на Netflix се враќа со втората сезона, а Френк Касл е повторно принуден да се врати на работа по обидот за убиство на една млада девојка.

 

American Gods – 10 март

Сезона 2

„American Gods“ сосема заслужено беше оценета како една од најдобрите ТВ продукции за 2017 година. Сега фантастичната серија работена по истоимениот роман на Нил Гејман се враќа со втора сезона, и се надеваме дека трпението за време на едногодишната пауза се исплатеше.

 

Billions – 17 март

Сезона 4

Четвртата сезона на серијата ќе ни покаже како некогашните непријатели Боби Акселрод и Чак Роудс се здружија за да се справат со ривалите – вклучувајќи ја и подмолната сопруга, рускиот олигарх и главниот обвинител на САД.

 

Killing Eve – 7 април

Сезона 2

Една од најдобрите серии за 2018 година ќе се врати со новата сезона во почетокот на пролетта.

 

Game of Thrones – април

Сезона 8

Финалната сезона на “Game of Thrones” најверојатно е поочекувана од кој и да е игран филм во 2019 година. До премиерата остануваат помалку од 4 месеци. Според зборовите на главниот извршен директор на HBO, Ричард Плеплар: шесте епизоди од осмата сезона не само што ќе ги исполнат очекувањата за спектакл, туку и се произведени како шест самостојни филмови.