Фановите на Metallica нема да чекаат премногу долго за да го добијат следниот албум на бендот. Ова го потврди басистот на бендот, Robert Trujillo, во новото интервју. Тој вети дека единаесеттиот студиски албум на легендарниот бенд ќе се појави многу порано од претходните два.

Ова би значело дека следниот албум на Metallica треба да биде објавен најдоцна до 2021 година. Интересно е што на бендот му требаа осум години за да го објават “Hardwired … to Self-Destruct” по “Death Magnetic”.

„И јас сум возбуден околу следниот албум, бидејќи мислам дека тоа ќе биде кулминација на претходните две остварувања и уште едно убаво патување. Не постои недостаток на оригинални идеи, убавината е во тоа што си дел од оваа група“, вели Trujillo.