Sony во средата објави дека хит-филмот на Квентин Тарантино „Once Upon a Time… in Hollywood“ се враќа во кината во петок.

Филмот, во кој играат Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Маргот Роби, ќе се прикажува во над 1000 кино-локации во САД и Канада, но нема да биде истиот каков што беше во досегашното прикажување. Имено, во новата верзија на филмот ќе има 10 минути дополнителни минути со 4 сосема нови сцени.

Филмот се појави на крајот на јули, и досега заработи над 368 милиони долари ширум светот. Деветтиот филм на Тарантино беше пред заработка  на 400 милиони долари со објавување во Кина, но објавувањето беше повлечено. Иако не беше дадена официјална причина, повеќе извештаи велат дека тоа е, барем делумно, затоа што ќерката на Брус Ли, Шенон Ли, поднела жалба до кинеската Национална филмска администрација за портретирање на нејзиниот татко во филмот.