„Fargo“ со нова сезона ја чекаме со нетпение веќе подолго време. Warren Littlefield и продукцијата PGA викендов најавија дека и покрај повеќе месечниот молк и неизвесност околу снимањето на 4. сезона на популарната тв-серија, сепак, продолжение ќе има.

Серијата која е во продукција на FX и која е добитник на награда „Еми“, ќе влезе во производство дури следната есен. Warren Littlefield вели дека креаторот на серијата Noah Hawley е премногу зафатен ова лето и никако не може да најде термин за отпочнување на производството на четвртата сезона. Сепак, откако летово тој ќе го заврши снимањето на филмот „Blue Dot“, почнува да се посветува на пишување на сторијата за новата сезона.

Фарго и во досегашните три сезони беше концепирана како антологиска серија, која се случува на иста локација, но во различни години, а некои ликови се преклопуваа меѓу сезоните. Сезоната 1 се одвиваше во 2006 година, сезона 2, беше поставена во 1979 година, додека сезоната 3 се одвиваше во 2010 година. Третата сезона на „Fargo“ се емитуваше во 2017 година.

извор: Deadline