Полската новинска агенција ПАП од 1958-ма година прави избор на најдобрите спортисти во Европа. Во изборот учествуваа 23 новински агенции од европскиот континент. Според нивните гласови, српскиот тенисер кој годинава ги исвои Wimbledon и US Open, а годината ја заврши како прв светски тениски рекет, доби 145 гласови од новинарите.

Luka Modric

Второто место го освои капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Luka Modric кој освои 132 гласови. На третото место се најде британскиот Формула 1 возач Lewis Hamilton. Најдобро пласирана спортистка на листата е Ester Ledecka од Чешка (алпско скијање и сноуборд) која го завзеде 4-то место. Останатите спортисти во топ 10 листата се Martin Fourcade (Франција, бијатлон), Marcel Hirscher (Австрија, алпско скијање), Marit Bjoergen (Норвешка, скијачко трчање), Antoine Griezmann (Франција, фудбал), Kevin Mayer (Франција, атлетика), Simona Halep (Романија, тенис) и Kamil Stoch (Полска, скијачки скокови).

Ester Ledecka