Меѓународната вселенска станица, по се изгледа, и не е така безбедно место кога станува збор за опасните микроби. Една нова студија покажува дека на станицата се пронајдени неколку видови на бактерии отпорни на различни видови на антибиотици. И покрај тоа што овие бактерии се уште не им наштетиле на астронаутите кои престојуваат таму, авторите на студијата веруваат дека тоа е само прашање на време.

Примероците од ISS датираат од 2015 година и содржат над 100 бактериски гени одговорни за бактериска отпорност на антибиотици. Исто така, стана јасно дека Enterobacter bugandensis пронајден на станицата е отпорен на сите девет антибиотици тестирани на неа. Во студијата, научниците, исто така, ја проценуваат можноста дека овие бактерии ќе ги инфицираат астронаутите и ќе ги разболат. Излегува дека тие имаат многу слична генетика на микробите на Земјата, а шансата да предизвикаат болест е 79%.

Врз основа на овој резултат, научниците заклучиле дека “овие видови бактерии претставуваат сериозен ризик за лекување на членовите на ISS.” Ентеробактериите се доста чести и живеат речиси насекаде – вклучувајќи ги и човечките црева. За здрави луѓе, тие не се опасни, но со ослабен имунолошки систем, можат да предизвикаат сериозни и животно-загрозувачки инфекции.