Австрискиот ботаничар Антон Зидер открил нов вид орхидеи со силен мирис. Новиот вид на орхидеи е откриен на Мадагаскар.

Орхидејата од видот Cynorkis christae е нова за науката. Новооткриениот вид се одликува со мирис на слатка арома, слична на мирисот на шампањ. Кај овие орхидеи, големите цветови се претежно бели, а горните ливчиња имаат светла боја.

Австрискиот ботаничар вели дека е изненадување што оваа орхидеја досега не била пронајдена. Можеби тоа ова се должи на фактот што таа расте само на оддалечените краишта на Мадагаскар. Уште една посебна карактеристика на овој вид е  тоа што цветот трае само еден месец и само за време на дождовната сезона.