Катарските сопственици на францускиот фудбалски шампион ПСЖ, почнаа да размислуваат за повлекување од клубот. „Катар Спорт Инвестментс“ со седиште во Лондон, според неколку угледни француски медиуми, има намера да го намали финансирањето на клубот во наредните години, а по Светското првенство во 2022 година во Катар, може да стави крај на своето учество во францускиот гигант.

Причината за промена на ставовите околу иднината на ПСЖ на светскат афудбалска карта, е постојаната критика која стигнува на адреса на катарскиот сопственик, Ал Келаифи.

Тој е незадоволен од исмејувањето што го трпи во Франција по секој неуспех на ПСЖ во Лигата на шампионите. Високите даноци во Франција, исто така, не се добредојдени за сопственикот на клубот, кој откако се приклучи во 2011 година во авантурата на париските „светци“ само на француските власти им „искешира“ една милијарда евра. Според информациите, Катар може да ги пренасочи своите средства во Италија, каде начелно се почнати некакви разговори за преземање на Рома.