Група палеонтолози од различни земји тврдат дека откриле остатоци кои им припаѓаат на првите повеќеклеточни жители на нашата планета, способни да се движат. Станува збор за фосилни остатоци пронајдени ан територијата на денешен Габон, а кои им припаѓале на извесни повеќеклеточни животни кои живееле на Земјата пред околу 2,1 милијарди години. Овие дамнешни жители на нашава планета се движеле ползејќи како гасеници по дното на примарното море.

Неколку фосили од првите земјени растенија и траги што ги оставија биле извлечени од карпите на палеопротерозојската ера што се формирале во околината на африканскиот град Франчевил. Во објавената студија има и направени скици со изгледот на овие суштества.

Се веруваше дека првите жители на Земјата, способни да се движат независно, се појавиле пред околу 570 милиони години. Но излегува дека тоа се случило многу порано.

Она што исто така е интересно е што вакви слични фосилни остатоци се фотографирани и на Марс. Фотографиите се од 2 јануари 2018 година и се дел од експертиза на НАСА.