На помалку од две недели до презентацијата на Huawei P30 и P30 Pro паметните телефони, се појавија и првите фотографии од новите модели. Компанијата внимателно ги криеше промотивните материјали, но серија протекувања во последниве денови речиси и да не остави “неизвесност” за тоа како ќе изгледаат новите фаворити на Huawei.

Според она што вчера се пројави на мрежата еве како ќе изгледна новиот P30 Pro модел во црвена варијанта:

Сликите го демонстрираат паметниот телефон од сите страни. Може да се забележи извиениот дисплеј со четири камери, а исто така и инфраред порта за контрола на опремата.

Резултатите од тестирањето покажаа дека Huawei P30 со чипсет Kirin 980 и 6 GB RAM меморија постигна 3296 и 9900 поени во единечни и повеќејадрени режими, а верзијата со префиксот “Pro” – 3251 и 9670 поени, соодветно.