Глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морето може трајно да ги уништат живеалиштата на една од најретките големи мачки на планетата – Бенгалскиот тигар.

Предаторите го населуваат Сундарбан – најголемата шума лоцирана во делтата на Ганг во Индија и Бангладеш која опфаќа околу 10.000 квадратни километри. Во областа вклучена во Списокот на светско наследство на УНЕСКО, постојат неколку стотици видови животни, вклучувајќи ги и загрозените.

Но, 70% од шумата е на висина од само неколку стапки над морското ниво, и затоа истата се соочува со брзо поплавување. Бројката на бенгалски тигри која се движи околу 500, најверојатно ќе угине доколку се случи таква катастрофа. Претходната студија покажа дека порастот на нивото на морето од само 11 инчи (околу 28 сантиметри) ќе го намали бројот на тигрите во Сундарбанс за 96% за само неколку децении.

Нови податоци покажуваат дека приливните бранови во Бангладеш се зголемуваат побрзо од светскиот просек, така што реалноста може да ги надмине мрачните прогнози.