Италијанскиот дизајнер Антонио Виет ги престави најскапите чевли во светот, наречени „Moon Star Shoes“, вредни 19,9 милиони долари.

Тие беа изложени на јахта во Дубаи, како дел од модната недела на MIDE. Направени се од цврста златна пета, 30 каратн дијаманти и малку аргентински метеорит од 1576 година.

Harper’s Bazaar Arabia извести дека Виет е познат по изработката на „првите 24-каратни златни чевли во светот“ во 2017 година, кои им биле доставени преку хеликоптер на купувачите.