Мало одморалиште на Малдиви ја освои титулата за најдобро ново луксузно одморалиште во 2019 година. Станува збор за ресортот Kudadoo Maldives кој вклучува 15 бунгалови со 1 или 2 спални, и непречен поглед на океанот.

Комплексот беше отворен на 26 декември 2018 година, но веќе привлекува ВИП гости. Хотелот е дел од растечкиот тренд на еколошки туризам. Има соларни покриви на одморалиштето кои генерираат доволно енергија за да се услужат до 50 гости и 100 вработени во секој момент.

Kudadoo Maldives се наоѓа на приватен остров во атолот Lhaviyani во Индискиот Океан. Гостите најпрво летаат до меѓународниот аеродром Мале, па потоа се патува до одморалиштето, кое е на околу 40 минути со приватен хидро-авион.

Одморалиштето не прима гости на возраст под 15 години, што значи не е погодно за семејства со деца.