Во Јакутск се одржа првиот во светот екстремен маратон. Екстремен затоа што се трчаше на едно од најстудените места во светот, градот Ојмјакон.

Натпреварувачите кои се појавија на стартот на трката, имаа задача да се обидат да го истрчаат маратонското растојание од 42 километри, но победникот успеа да истрча „само“ 38. На температура од -52°C, ова е остварување рамно на подвиг.

На маратонот учествуваа приврзаници на здравиот начин на живот и познатите спортисти од Русија. Ентузијасти минале околу 5 километри, а маратонците над 10. Најголемо претрчано растојание го има жителот на Амигинската област Илја Пестерев. На екстремно ниска температура од -52°C тој успеа да претрча 38 километри за 3 часа и 53 минути.