Најдобрите спортисти во светот за 2018-та година се наградени од страна на фондацијата Laureus Sport for Good. На синоќешната гала церемонија беа доделени наградите за најдобрите. Наградата за Најдобар спортист отиде во рацете на тенискиот рекет број 1 – Новак Ѓоковиќ. Тој по четврти пат ја добива оваа награда.

Novak Djokovic

Simone Biles

Освојувајќи 4 златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал на светското првенство, титулата за Најдобра спортистка отиде во рацете на гимнастичарката Simone Biles. Француската фудбалска репрезентација е прогласена за Најдобар тим на годината, благодарејќи на победата на светското првенство минатата година.

Француска фудбалска репрезентација

Naomi Osaka

Во категоријата за Најголем напредок наградата ја доби јапонската тенисерка Naomi Osaka која ја освои титулата на US Open, а и оваа година ја започна одлично победувајќи на Australian Open. Osaka е прва јапонска добитничка на Laureus награда. Голферот Tiger Woods ја доби наградата за Враќање на годината, благодарејќи на победата на финалниот турнир Tour Championship.

Tiger Woods

Chloe Kim

Chloe Kim е победничка во категоријата на Најдобра спортска личност во акциски спортови, благодарејќи на олимписката титула во сноубоардинг. Henrieta Farkasova ја доби наградата за Најдобар спортист од параолимписката програма.

Henrieta Farkasova

Eliud Kipchoge

Фондацијата на Eliud Kipchoge му додели награда за посебно достигнување за неговиот светски рекорд во маратонската трка во Берлин кога го сруши дотогашниот рекорд за неверојатни 1 минута и 18 секунди. Легендарниот фудбалски менаџер Arsene Wenger го доби признанието за животно дело. Наградата за спортски дух и припадна на скијачката Lindsey Vonn за нејзината импозантна кариера. Наградата за најдобар спортски момент на годината му припадна на Xia Boyu кој го искачи Еверест иако има двојна ампутација на нозете.

Arsene Wenger

Lindsay Vonn

Xia Boyu