На ноќешното доделување на Оскарите, беа наградени најдобрите филмови и филмски работници според американската филмска академија. Во категоријата за Најдобар филм беше прогласен филмот Green Book на режисерот Peter Farrelly, а главните улоги ги толкуваа Viggo Mortensen, Mahershala Ali и Linda Cardellini.

Green Book

Во категоријата за Најдобар режисер очекувано беше прогласен Alfonso Cuaron за филмот Roma. Наградите за главни улоги ги освоија Olivia Colman (The Favourite) и Rami Malek (Bohemian Rhapsody).

Olivia Colman

Rami Malek

За најдобри актери во споредни улоги, Оскари добија Regina King (If Beale Street Could Talk) и Mahershala Ali (Green Book). Филмот Green Book доби Оскар и во категоријата за Најдобро оригинално сценарио (Nick Vallelonga, Brian Currie и Peter Farrelly). Филмот BlacKkKlansman доби награда за Најдобро адаптирано сценарио (Charlie Wachtel, David Rabinowitz, Kevin Willmott и Spike Lee).

Regina King

Mahershala Ali

Alfonso Cuaron

Spike Lee

Alfonso Cuaron доби Оскар и во категоријата за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за филмот Roma. Во категоријата за Најдобар анимиран филм наградата ја доби Spider-Man: Into the Spider-Verse (Bob Persichetti, Peter Ramsey, Rodney Rothman, Phil Lord и Christopher Miller).

Free Solo е добитни на Оскарот за Најдобар документарен филм ( Elizabeth Chai Vasarhelyi, Jimmy Chin, Evan Hayes и Shannon Dill), додека филмот Period. End of Sentence. е добитник на Оскарот за Најдобар краткометражен документарен филм (Rayka Zehtabchi и Melissa Berton). Bao e добитник на наградата за Најдобар краток анимиран филм (Domee Shi и Becky Neiman-Cobb), додека Skin е победник во категоријата Најдобар краток филм снимен во живо (Guy Nattiv и Jaime Ray Newman).

Песната Shallow од филмот A Star Is Born е победник во категоријата за Најдобра оригинална песна ( Lady Gaga, Mark Ronson, Anthony Rossomando и Andrew Wyatt). Оскарот за Најдобра филмска музика отиде во рацете на Ludwig Goransson за музиката во филмот Black Panther.

Lady Gaga

Ludwig Goransson

Филмот Bohemian Rhapsody доби Оскари и во категориите Најдобро едитирање на звук (John Warhurst и Nina Hartstone) и Најдобро миксање на звук (Paul Massey, Tim Cavagin и John Casali).

John Warhurst и Nina Hartstone

Tim Cavagin, Paul-Massey и John Casali

Наградата за Најдобар продукциски дизајн отиде во рацете на Hannah Beachler и Jay Hart за филмот Black Panther. Alfonso Cuaron ја доби наградата за Најдобра кинематографија за филмот Roma.

Hannah Beachler и Jay Hart

Најдобри костими има во филмот Black Panther благодарејќи на Ruth E. Carter додека Најдобра шминка и фризура има во Vice а наградата е за Greg Cannom, Kate Biscoe и Patricia Dehaney.

Ruth Carter

Уште еден Оскар отиде во рацете на Bohemian Rhapsody во категоријата за Најдобро едитирање на филм (John Ottman). Единствениот Оскар за филмот First Man е добиен во категоријата Најдобри визуелни ефекти.

John Ottman

Ian Hunter, Paul Lambert, Tristan Myles и J. D. Schwalm

Ова беше 91-то доделување на Оскарите, а годинава после разните перипетии, за прв пат после 1989-та година, шоуто немаше водител.