Откако пред 5 денови ве информиравме за најголемите хитови во Велика Британија за 2018-та година, сега ви го нудиме редоследот на најпродаваните песни во САД. Рангирањето како и во минатото, го прави магазинот Billboard, а според нив, на врвот на оваа листа е песната “God’s plan” на Drake.

На второто место се најде британскиот музичар Ed Sheeran со песната “Perfect”, а на третото место се најде дуетот на Bebe Rexha и бендот Florida Georgia Line – “Meant to be”. На четвртото место се Camila Cabello и Young Thug со “Havana”, а на 5-то место се Post Malone и 21 Savage со “Rockstar”. Во продолжение се видео спотовите и од останатите во првата 10-ка.