По сите најавени промени, ФИА воведува уште една нова промена пред стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот. Она што дел од медиумите го најавија уште минатата недела сега ќе има и официјална примена. 

Имено, пилотот кој ќе извози најбрз круг на секоја од трките од календарот за 2019 година, ќе добие дополнително 1 бод, но со дополнителен услов, на крајот на трката да заврши меѓу 10-те најдобри. Новото правило ќе биде применето уште на првата трка во Мелбурн.

Еден бод ќе добие и соодветниот тим за кој вози пилотот со најбрз круг. Новата сезона на Формула 1 започнува на 17 март во Мелбурн