Научната анализа на големите владетели и нивните богатства, покажаа дека западноафриканскиот крал Манса Муса бил најбогатиот човек на Земјата, кој владеел со средновековната држава Мали околу 30 години во првата половина на 9 век.

Монархот кој на средновековниот ракопис “Каталонски атлас” е насликан како во рацете држи монета е поставен во галеријата на американскиот северозападен универзитет Илиноис. Картата е создадена во 1375 на островот Мајорка, која сега е дел од Шпанија.

Според кураторите на изложбата, Муса целосно го контролирал рударството во регионот и се сметал за најпрофитабилниот на пазарот. Според нив, тешко е да се замисли дека некој денес може да поседува богатство споредливо со она на Муса.

Во тој историски период, златото од Мали се користело за ковање динари, кои потоа биле доминантна валута.