Група научници од Францускиот институт за источна археологија во Каиро и Универзитетот во Ливерпул во Англија тврдат дека пронашле уред со кој древните Египќани веројатно ги изградиле пирамидите.

Според информацијата која ја објавија сите релевантни научни медиуми и списанија, научниците велат дека во еден од каменоломите во близина на Луксор, каде што Египќаните го ваделе алабастерот, археолозите пронашле траги од рампата што може да се искористи за да се движат големите блокови. Станува збор за уред стар најмалку 4500 години.

Во центарот на структурата имало навалена платформа од двете страни на која биле скали и дупки. Дрвени столбови може да се вметнат во дупките, околу кои биле завиткани јажиња. Мулти-тонските блокови веројатно биле фиксирани на дрвени “санки”, по што градителите ги повлекувале јажињата и ги пресекувале блоковите на самото место под агол од 20 степени.

Научниците претходно претпоставуваа дека древните Египќани користеле слични структури, но првпат го пронајдоа и самиот систем.

извор: ScienceAlert