Биологот Били Саливан откри мутација во ДНК-та на британскиот рок музичар Ози Озборн. Тоа, според научникот, е причината поради која музичарот со децении успева да го преживее алкохолизмот и сета зависност од дрога.

Научникот ги наведе своите наоди во книга за молекули и микроорганизми кои ја создаваат личноста која всушност ја живееме.

„Ози е навистина генетски мутант“, вели Били Саливан.

Неговата книга ќе ја објави National Geographic овој месец. Според Саливан, зависноста „е повеќе поврзана со нашата ДНК отколку со нашата морална структура“.

Тој исто така пишува дека варијациите во човековите гени можат да влијаат врз одредени однесувања, вклучително и нашата зависност од слатки или кафе. Покрај тоа, информациите вметнати во ДНК-та, исто така, влијаат на тоа како луѓето ги регулираат емоциите, кого сметаат за сексуално привлечни и какви политички погледи имаат.