Научниците илјадници луди идеи. Една од нив се и лутите домати.

Во последната научна студија на Trends in Plant Science се вели дека доматите се одлично средство за производство на капсаициноиди – елементи кои ја даваат лутината на пиперките. Во обида да направат нешто поразлично, научниците ќе почнат да се занимаваат токму со производство на домати, кои ќе бидат и малку лути.

Излегува дека доматите имаат целосен сет на гени кои се потребни за да го отворат патот кон “лути домати”, иако научниците истакнуваат дека процесот може да биде тежок. Зачинетата и топла храна е многу популарна низ целиот свет, а производителите на храна брзо го искористија овој тренд, па почнаа да произведуваат низа лути производи како луто чоколадо Snickers, луто виски Табаско, па дури и лути бисквити од брендот Oreo.

Под претпоставка дека овие експерименти можат да се реализираат, лутите домати можат да отворат и нови кулинарски можности.