Пред една година, мртвото тело на Tim Bergling (Avicii) беше пронајдено во Оман. Тој почина на 28 години. Според соопштението на неговото семејство, тој бил при крај на завршувањето на новиот албум. Авторите со кои тој соработувал, ја завршиле работата на новиот албум, па албумот кој ќе го носи името “Tim” ќе биде објавен на 6-ти јуни, а заработката ќе биде насочена кон фондацијата Tim Begling која помага на лица со ментални болести и нагони за самоубиство.  Како најава за новиот албум, на 10-ти април ќе биде издадена песната “SOS”.