Американската музичка академија, која ги доделува Grammy наградите, објави дека на 13-ти јануари ќе се снима концерт кој ќе биде посветен на кралицата на соул музиката Aretha Franklin. Концертот ќе биде сниман од американската ТВ мрежа CBS, а ќе биде емитуван во текот на 2019-та година. Листата на имиња кои засега се објавени кои ќе настапат на овој концерт ги вклучува Yolanda Adams, Shirley Caesar, Alessia Cara, Kelly Clarkson, Common, Celine Dion, Jennifer Hudson, Alicia Keys, John Legend, Latti LaBelle и BeBe Winans. Тие ќе бидат придружени и од Brandi Carlile, Chloe X Halle, H.E.R., Janelle Monae и SZA.