Истражувањето што го спроведе веб-страницата Workthere покажа дека 38% од Британците кои слушаат музика на работа се чувствуваат многу попродуктивни.

35% од испитаниците велат дека пријатниот звук во канцеларијата значително го подобрува расположението и го намалува стресот. 38% од испитаниците сакале да слушаат поп музика на работното место, додека околу 30% преферираат класична музика, која исто така делува на позитивното расположение.

Сепак, во многу канцеларии имало вработени кои не можеле да се концентрираат кога биле изложени на бучава. Експертите затоа препорачуваат луѓето кои сакаат да бидат попродуктивни и да слушаат музика на работното место, да преферираат тоа да го прават со слушалки за да се избегнат конфликти со другите колеги.