Жител на австралискиот град Брум, Тревис Пауер, на локалната плажа открил морско суштество со десетици пипци и огромна уста. Истото успеал да го фотографира и да побара објаснување од неколку биолози.

„На почетокот ми се чинеше дека ова суштество би можело да биде мртво или отровно, бидејќи не се движеше и имаше специфична боја“, изјави тој за австралиските медиуми.

Човекот не можел да го препознае бизарното животно ниту да го поврзе со неговите биолошки роднини. Откритието делумно ги збунило и експертите, кои на крајот излегоа со заклучок дека станува збор за досега непознат вид на морска анемона.

„Сите се согласуваат дека ова е еден вид морска анемона (лат. Actiniaria), но за кој се уште треба да се дискутира“, изјавиле биолозите кои ги консултирале медиумите.