Приказната доаѓа од Русија, каде пред неколку дена, еден морж нападна и потона еден патролен брод на руската морнарица во Арктичкиот океан. Несреќата, за среќа, немала сериозни последици (освен загубата на бродот, се разбира) и немало жртви.

Според руското Министерство за одбрана, женката морж во обид да си ги заштити своите младенчиња, за кои верувала дека се загрозени од приближувањето на бродот, го нападнала. Тој превезувал група истражувачи до брегот на Кејп Гелер на Арктикот.

Министерството во соопштението потенцираше: „Беа избегнати сериозни проблеми благодарение на јасните и добро координирани активности на војската на северната флота, кои успеаја да ги дислоцираат патниците од бродот подалеку од животните, без да има повредени“. За бродот, сепак, немаше што да се направи.