Жена која цели 10 години била во вегетативна состојба се породи на клиника во Феникс, Аризона. Иако никој од лекарите на сфатил дека пациентката е бремена таа на 29 декември, родила здраво дете.

Полицијата отвори кривична истрага за да се обиде да се разјаснат околностите за тоа како девојката забременика. Лекарите се сомневаат на сексуален напад врз ранливата жена, не може да го потврдат тоа со сигурност. Исто така, Министерството за здравство во Аризона презема дополнителна инспекција на условите во кои се наоѓаат пациентите во центарот, кој важи за водечки центар за хронични болести.

Бил Тимонс, извршен директор на на корпорацијата која раководи со клиниката поднесе оставка.

„Ние нема да прифатим ништо друго освен целосно објаснување на оваа апсолутно ужасна ситуација, невиден случај, што не уништи сите нас кои сме дел од центарот, како и жртвата и нејзиното семејство“, изјави Гери Орман, извршен потпретседател на компанијата.

извор: ЕlPais.com