Островот North Sentinel му припаѓа на Андаманискиот архипелаг во Индискиот Океан и е официјално управуван од индиската влада. Додека другите острови се големи и добро познати, со површина од само 72 квадратни километри North Sentinel Island, опкружени со корален прстен, останува речиси непознат за модерните луѓе.

Со оглед на поставеноста, островот е едно од најизолираните места на Земјата, но не и ненаселено. На North Sentinel Island живее едно од најопасните и најдиви племиња во светот. Островот е исто така и едно од местата на кои се уште живеат последните преостанати диви племиња, домородци врз кои модерниот свет нема никакво влијание. Со оглед на тоа што не се многу пријателски настроени кон дојденци, патувањето на островот од безбедносни причини е целосно забрането.

Во моментов има ограничената зона од 3 километри околу целиот остров за да ги спречи посетителите да влезат на територијата. Сепак, американскиот мисионер John Allen Chau, наводно, успеал да влезе на островот на 17 ноември, по што веднаш бил убиен од загрозеното племе. Меѓународната агенција за спасување вели дека секој обид за да се обезбеди телото на мисионерот е “неверојатно опасен” и за припадниците на племето и за официјалните претставници. John најверојатно е убиен со стрели кога пристигнал на островот пред една недела. Индиските власти се трудеа да го вратат телото на Chau во текот на викендот, но кога полицискиот брод се соочи со стражарите од племето се повлече за да избегне конфронтација со многу жртви.

За жестокоста на неговите жители зборувал и Марко Поло, кој во 1296 година ги нарекол “брутална и дивјачка раса, со глави, очи и заби како кучиња. Тие се многу сурови, убиваат со голи раце и ги јадат странците”.