На вчерашната 134-та сесија на Меѓународниот Олимписки Комитет беше одлучено домаќин на 25-те зимски олимписки игри да биде заедничката понуда на градовите Милано и Кортина Дампецо. Другиот кандидат беше заедничката понуда на шведските градови Стокхолм и Оре.

Winter Olympic Games 2026

Милано и Кортина станаа домаќини благодарејќи на фактот што 13 од 14-те објекти кои ќе се користат, се веќе изградени или ќе бидат привремени објекти. Овој план се поклопува со Олимписката Агенда 2020, која бара домаќините да користат што е можно повеќе постоечки објекти и да не се градат нови објекти доколку за такво нешто нема потреба после Игрите.

Winter Olympic Games 2026

Проектот ја има поддршката од италијанските спортски власти, приватиот сектор, како и властите на градско, регионално и национално ниво. Зимските Олимписки Игри 2026 ќе започнат на 5-ти февруари и ќе траат до 22-ри февруари 2026-та година.