Кога ќе купите фудбалер за 100 милиони евра не е сеедно дали тој во првата или втората година од престојот во клубот ќе одигра 10 или 40 натпревари. Еден од главните ризик-фактори кои ги плашат фудбалските гиганти при енормно високите трансфери се повредите.

Во борбата за намалување на ризик-факторот за сериозни повреди, науката во спортот бара нови и нови методи. Една техника која може да помогне во борбата против повредите, а со тоа подобрување на атлетските перформанси е термографската анализа која се состои од анализа на слики на различни делови од телото за откривање на температурни разлики во мускулите. На овој начин, лекарите и аналитичарите во клубовите можат да спречатт преоптоварување и непосакувани повреди на главните ѕвезди во клубовите.

Една од водечките компании во оваа нова технологија е шпанскиот ThermoHuman, проект роден на Политехничкиот универзитет во Мадрид во 2015 година. Истиот денеска го користат Атлетико Мадрид, Виљареал, ПСЖ, Флуминензе… Исмаил Фернандез, еден од основачите на компанијата, вели дека клубовите кои го користат нивниот систем веќе имаат големи предности во анализата на повреди во споредба со другите клубови. Иако технологијата која се користи од ThermoHuman во моментов не е прифатлива за повеќето корисници, Фернандез верува дека наскоро за пет или десет години скоро сите на своите мобилни телефони ќе го имаат системот.

извор: ElPais.com