Мемоарите на кои работел Prince пред неговата смрт во 2016 година ќе бидат достапни за продажба на есен.

Издавачката куќа „Random House“ потврди дека “The Beautiful Ones” ќе го обедини ракописот на Prince со малку познати слики, текстови и исечоци кои ги правел. Воведот ќе го даде писателот Дан Пипенбринг, кого Prince го избра како асистент.

“Книгата е многу личен наратив за тоа како Prince Rogers Nelson станува музичар под псевдонимот Prince, Тоа е вистинска приказна за дете ко го голта околниот свет и си создава маска, уметнички поглед и живот со хитови и славата” – најавија од „Random House“.

Мемоарите ги покриваат годините на детството на Prince, како и почетокот на неговата музичка кариера до врвот на неговата популарност. Ќе биде претставена и еволуцијата на музичката ѕвезда преку многу досега необјавени слики и текстови.

Prince почина на 57 години на 21 април 2016 година од предозирање со силен аналгетски фентанил.