Словенечкиот музичар Мањифико ја работи музиката и за втората сезона од ултра-популарната српска тв-серија „Сенки над Балканот“. Мањифико ја подготви музиката и за првата сезона на серијата која предизвика фантастични реакции и одлична гледаност во сите земји на поранешна Југославија, но и пошироко.

Режисерот Драган Бјелогрлиќ полека го финализира снимањето на втората сезона, која премиерно треба да стартува во март следната година.

„Носечката тема ќе биде иста и за втората сезона, но во рамките на целата сезона ќе има и новитети. Меѓу другото работиме на неколку теми и со популарните ‘Сестре’“, изјавил Мањифико за словенечките медиуми.

Контроверзните „Сестре“ веќе биле на снимањето на неколку епизоди од новата сезона на „сенки над Балканот“.

„’Сестре’ ќе се појават како уметници во ноќен клуб од времето на Кралството СХС“, открива Бјелогрлиќ.

Во првата сезона, „Сенки над Балканот“ имаа и одлична македонска актерска екипа. Останува да видиме како ќе биде во втората сезона.

извор: Siol