Како што и се очекуваше, Captain Marvel се најде на врвот на кино благајните во САД. Заработката од првиот викенд е околу 153 милиони долари, што е трето најголемо отворање во март. Captain Marvel е 21-от филм од Marvel Cinematic Universe. Според досегашните перформанси на претходните 20 филмови и според заработените пари на отворањето, се очекува Captain Marvel да има вкупна заработка во САД од 422 милиони долари. Надвор од САД филмот заработи околу 302 милиони долари, од кои 89 милиони долари се заработка во Кина. Со тоа, вкупната интернационална заработка на филмот во само 3 денови прикажување е околу 455 милиони долари.

Филмот Hot To Train Your Dragon: The Hidden World кој минатиот викенд беше на врвот, овој викенд заврши на второто место со заработени околу 14.7 милиони долари. Досегашната вкупна заработка во САД е 119.6 милиони долари, додека вкупната инстернационална заработка е 435 милиони долари.

На третото место се најде Tyler Perry’s A Madea Family Funeral со заработени 12 милиони долари. Следат The LEGO Movie 2: The Second Part, Alita: Battle Angel, Green Book, Isn’t It Romantic, Fighting With My Family, Greta и Apollo 11. Ова беше првиот викенд во 2019-та година кој имаше подобар резултат од истиот викенд минатата година. Во споредба со состојбата во ланската година, 2019-та година засега заостанува дури 27% во истиот период лани.