Мадона стартуваше со рекламна кампања за својот нов албум. За многумина и не е изненадување, па и овој пат поп-иконата се одлучи за голотија на рекламна кампања на албумот.

Имено, новиот албум на Мадона насловен како Madame X се појави со фотографија на разголени женски гради.

Сликата можеби е маркетинг „финта“ за да се зголеми продажбата на билети за најзината концертна турнеја. Засега, интересот за Мадона изгледа е далеку под очекувањето.

Турнејата „Madame X“ започнува на 12 септември со концерти во Филаделфија, Лас Вегас, Бостон, Мајами, Лисабон, Лондон и Париз. Новиот албум е всушност 14-ти во кариерата на Мадона и во продажба е една неколку дена.