Ги нарекувале “лудите англиски жени”, но една од нив била Шкотланѓанка, а заедно биле неверојатен медицински пар заслужен за илјадници спасени живото во Првата светска војна. Нивните имиња кои денеска ќе би најдете меѓу имињата на медицинските сестри кои добиле посебни признанија за својата работа се Elsie Knocker и Mairi Chisholm.

Елси и Маири отпатувале во Белгија на почетокот од Првата светска војна за да работат како возачи на брза помош. Медицинските сестри биле вљубенички во мотоциклите и веднаш ја прифатиле идејата да бидат транспортна помош за повредените во војната. Таа нивна работа, подоцна ги прави вистински легенди.

Кога почнале со работа како транспортерки со возило на брзата помош, овие две девојки забележале дека се соочуваат со голем проблем. Поради растојанието кое морале да го минат за да ги транспортираат војниците од боиштето до болницата, војниците често починувале од шок пред да стигнат до болницата. Елси предложила лекување на повредените војници во близина на линиите на фронтот, но била категорично одбиена. Бидејќи не сакале да ги губат животите на повредените војници, Елси и Маири сами воспоставиле импровизирана медицинска установа од 46 метри во близина до рововите.

Работејќи во објектот кој наликувал на трошна куќа двете медицински сестри им дале прва помош на околу 23.000 жртви на војната во период од четири години. Оваа нивна постапка и работа привлекоа внимание од најистакнатите луѓе во светот на науката и општествениот живот, како Марија Кири и кралот на Белгија. Нивните напори на фронтот им ги донесоа медалите за храброст во 1915 година од самиот цар. Жените беа на линиите на фронтот до 1918 година.