Сопствениците на лондонскиот хотел „Риц“, кој е рај за државници и филмски sвезди, навести дека е отворен за продажба. Сумата која актуелните сопственици ја бараат за него е една милијарда долари.

Отворен во 1906 година од швајцарскиот хотелиер Сезар Риц, хотелот беше домаќин на Чарли Чаплин во 20-тите години на минатиот век и се користеше како место за состаноци на Винстон Черчил, Двајт Ајзенхауер и Шарл де Гол за да разговараат за операциите за време на Втората светска војна.

Денес, тој нуди 111 соби, 25 апартмани, голем број барови и ресторани, и Палм Карт, каде што се сервира попладневниот чај и каде мажите задолжително треба да носат вратоврски.

Риц е во сопственост на Дејвид и Фредерик Баркли, близнаци кои исто така го поседуваат „Дејли Телеграф“.