Научниците веруваат дека кучињата можат да детектираат многу човечки болести. Понекогаш, тоа го прават многу подобро и од лекарите и од нивната медицинска опрема.

Неодамна, на пример, истражувачите откриле дека кучињата можат да одредат дали некое лице е болно од маларија, и тоа со само едно едноставно душкање на неговите чорапи. Исто така, докажано е дека некои раси на кучиња можат да детектираат хемикалии во урината кои укажуваат на рак на простата. Но, тоа не е сè – кучињата, излегува дека можат да им помогнат и на дијабетичарите. Овие миленичиња одредуваат кога нивото на шеќер во крвта е опасно високо или, обратно, ниско.

Сега истражувачите од Универзитетот во Манчестер се обидуваат да ги научат кучињата да ги идентификуваат симптомите на Паркинсоновата болест, како и на ракот на дојка.

извор: Pravda.ru