Кромидот, празот, лукот, и некои други видови на зелечук од ова семејство сериозно го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево, покажаа последните студии на кинеските научници.

Таков ефект се постигнува со конзумација на околу 16 килограми ваков зеленчук во текотна една година, или околу 45 грама дневно. Научниците од кинескиот Медицински универзитет во Шинјан анкетирале 1600 мажи и жени, а нивните резултати покажуваат дека веројатноста за развој на рак на дебелото црево е 79 проценти помала кај големите корисници на кромид и лук.

Познато е дека биоактивните соединенија на кромидните растенија штитат од рак на дојка и рак на простата.

„Колку повеќе зеленчук јадете, толку подобро“, вели д-р Чу Ли, раководител на студијата.