„Game of Thrones“ повеќе не е најпиратираната тв-серија во светот. Хитот на HBO во текот на изминатите шест години ја предводеше листата на телевизиски продукции кои корисниците најмногу ги симнуваат од т.н. торент тракери.

За минатата 2018 година, „GoT“ не е на врвот на листата, но само поради една единствена причина – минатата година немаше нова сезона од фантастичната серија. Ако ја имаше, веројатно на врвот немаше да се смени, ама баш ништо.

Вака, 2018-тата како најпиратирана тв-серија ја заврши „The Walking Dead“. Оваа серија минатата 2017-та ја заврши на второто место на оваа непопуларна листа.

Во продолжение, ТОП 10 листата на најпиратирани серии за минатата година:

  1. The Walking Dead
  2. The Flash
  3. The Big Bang Theory
  4. Vikings
  5. Titans
  6. Arrow
  7. Supernatural
  8. Westworld
  9. Legends of Tomorrow
  10. Suits