Во некои спортови „летаат“ енормно големи бројки на заработка. Во некои спортови тоа е оправдано, а во некои можеби и не. Во тенисот се чини дека се подобро се заработува со текот на годините. Два главни извори за заработка на тенисерите се паричниот фонд на награди на турнирите на кои настапуваат како и договорите со спонзорите. Информациите за вториов начин на заработка се помалку достапни, но податоците од турнирите се целосно јавно достапни.

Novak Djokovic

Можеби веднаш ќе погодите кој тенисер најмногу заработи во оваа сезона. Станува збор за тенисерот кој и официјално ја заврши сезоната на првото место на АТП листата, а тоа е Новак Ѓоковиќ од Србија. Тој во 2018-та година од наградите на тениските турнири заработи вкупно 15.967.184 долари, од кои 32.512 долари се во конкуренција на двојки, а скоро целата сума е заработена во поединечна конкуренција. Тој се наоѓа и на првото место на заработка во текот на кариерата со заработени 125.772.589 долари.

 

Alexandar Zverev

На второто место на оваа листа, малку изненадувачки, се најде Германецот Alexander Zverev со заработени 8.706.298 долари. Тој се најде на второто место благодарејќи со плодната заработка на последниот турнир односно ATP Nitto Finals, каде настапија најдобрите тенисери во годината. Zverev ја заврши сезоната како 4-ти тенисер на ранг листата. На третото место според заработката се најде Rafael Nadal со заработени 8.663.347 долари. Тој е на второто место на ранг листата за 2018-та, а заради повреда го пропушти финалниот турнир, па ја пропушти можноста да заработи уште некој милион долари. Тој во кариерата има заработено 103.251.975 долари.

Roger Federer

Roger Federer се најде на четвртото место според заработувачката, иако на ранг листата е на третото место. Живата активна легенда на овој спорт во 2018-та заработи 8.629.233 долари, а во кариерата има заработено 120.514.916 долари и се наоѓа на второто место. На петтото место е Juan Martin del Potro со заработени 5.958.251 долари. Остатокот од топ 10 листата според заработката ја комплетираат Kevin Anderson (5.491.352), Marin Cilic (5.187.148), Dominic Thiem (4.624.646), John Isner (4.320.641) и Kei Nishikori (4.049.255).