Легендата за кралот Артур и неговите витези на тркалезната маса е популарна со векови. Самиот крал Артур се појавил како лик во литературата некаде по 800 година, кога започнал да се појавува во ракописи како „Y Goddoddin“  во Велс. Сепак, историјата на неговите лојални витези е многу помалку достапна во јавноста.

Тие за првпат се појавија во делата на францускиот писател Chretien de Troyes во 12 век, што исто така беше и првото спомнување на Ланселот и потрагата по Светиот Грал. Историчарите шпекулираат за изворот на идеите на Chretien и дали сите тие се негови созданија. Иако потеклото на витезите е спорно, никој не може да тврди дека тие немале значително влијание врз западната литература.

Во зависност што читаме, ќе видиме дека во овие историски приказни има ,еѓу 12 и 150 т.н. „Витези на тркалезната маса“. Повеќето од нив имаат уникатни приказни. Некои витези, како Персивал и Галахад, се познати насекаде. Но, многу од останатите се исчезнати во времето.

Таков е на пример, Сер Ламорак. Покрај Ланселот и Тристан, Сер Ламорак бил еден од трите најсилни витези на Тркалезната маса, но, од некоја причина, денес е многу помалку познат од неговиот брат Персивал. Ламорак бил еден од синовите на кралот Пелинор, кој самиот бил понекогаш вклучен на списокот на витези на Тркалезната маса. Храбар, самоуверен човек, Ламорак бил исклучително квалификуван витез за битка. Но, и во мирот, тој понекогаш предизвикувал проблеми. Легендата вели дека тој би можел да се бори против повеќе од 30 други витези одеднаш, правејќи го еден од највредните сојузници на Артур. Неговите постапки надвор од полето за борба го предизвикале неговото пропаѓање. Како дел од долготрајната семејна расправија со браќата, Ламорак во заседа бил убиен.