Последните истражувања на богатството кое го имаат познатите музички ѕвезди покажа дека Ријана е најбогатата дама на светската музичка сцена. Престижниот магазин „Forbes“  направи ранг листа на пејачките, според нивното богатство.

Богатството на 31-годишната пејача се проценува на 600 милиони долари. Ријана ја надминува Мадона на врвот на листата, откако поп-иконата има 570 милиони долари на своите банкарски сметки. Третото место е за Селин Дион со богатство од 450 милиони евра. 

Банкарското салдо на Ријана главно се должи на нејзиниот бренд за козметика и луксузна долна облека. Се разбира, Ријана, исто така, има солидна заработка и од нејзината музика, односно од продажбата на албумите.