Апликацијата Shazam е една од технологиите кои некако се најблиску до магија. Се повеќе корисници ја користат за да ги откријат вистинските автори на своите омилени хитови.

И во 2018 година корисниците на Shazam имаа свои фаворити. Интересно, најчесто пребаруваната песна на апликацијата за годинава која изминува е хитот на Clean Bandit – Solo. Песната во која свој дел има и атрактивната Demi Lovato е пребарана 1,9 милиони пати на музичката апликација.

Интересно, тоа е скоро половина милион пат повеќе од втората песна на листата, Nicky Jam and J Balvin – X.

Петте најбарани песни на Shazam се комплетно од британски уметници. Еве како изгледа ТОП 10 листата на најбарани песни на Shazam за 2018-та: