Американските научници ја поврзаа големината на абдоменот со обемот на мозокот. Во последната студија обајвена деновиве, тие тврдат дека дебелите луѓе кои имаат голем обем на стомакот, имаат помал мозок од послабите луѓе.

9652 лица на просечна возраст од 55 години учествуваа во студијата, од кои 19%  биле дебели. Истражувачите го мереа индексот на телесна маса, односот на половината и колкот и вкупната тежина, а исто така ги интервјуираа учесниците за нивното здравје. Потоа, користејќи магнетна резонанца (МРИ), тие успеале да го определат волуменот на мозокот – белата и сивата материја.

Сивата материја содржи најмногу нервни клетки и е вклучена во процесите на самоконтрола, контрола на мускулите и сетилна перцепција. Белата материја содржи пакети на нервни влакна кои поврзуваат различни делови од мозокот.

Научниците утврдиле дека кај дебелите луѓе, особено со вишок маснотии во стомакот, мозокот е помал.