Поправките на домот на војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, ги чинеа даночните обврзници во Британија околу 2,4 милиони фунти. Финансирањето на кралското семејство од страна на даночните обврзници е деликатно прашање со децении, па овие суми кои се појавуваат во јавноста подолг период предизвикуваат и револт кај Британците.

„Фрогмор Котиџ“, кој е дом на Хари и Меган во Виндзор, всушност е спојка на пет одделни куќи. Имотите кои потекнуваат од XIX век, им беа подарени на војводата и војвотката од Сасекс од нивната баба – кралицата Елизабета II, која ги покри и средствата за реконструкција. Поправката траеше околу 6 месеци, а во тек е завршувањето на внатрешниот дел. Двојката се пресели во Виндзор од Кенсингтон Палатата во Лондон во април, пред да се роди нивниот син Арчи.